февруари 24, 2017
ЦКА-ПХВ 2017
Во рамките на овогодинешниот ЦКА-ПХВ циклус во изминатиот месец во Општинската организација Чаир се реализираа по три работилници со македонската и албанската група со која се опфатија вкупно 72 млади волонтери.
Целта на оваа програма е да се мобилизират млади,да се стекнат соодветни знаења и вештини кои понатака ќе ги применат во изработката на проектите,ќе промовираат култура на дијалог и ќе помагат на ранливите категории на население.
По завршената обука, на младите им престои период на работа на терен т.е истражување на потребите на заедницата,пронаоѓање целни групи,организирање активности и обезбедување на помош и сето тоа во наредните два месеци со што ќе придинесат многу за заедницата.