јуни 8, 2016

ЕВАКУАЦИЈА НА ОСНОВНИ УЧИЛИШТА ВО СЛУЧАЈ НА ПОЖАР

Како и изминатите три години, така и оваа година Црвениот крст на Р.Македонија-Општинска организација Чаир организира вежба за евакуација на основното училиште Конгреси Манастири во соработка со ДПД. Бајрам Мифтари.
Овие вежби се со цел да ги едуцираме учениците но и наставниот кадар да се справат т.е да го евакуираат сигурно и безбедно училиштето со најмали можни последици во случај на пожар. На настанот покрај евакуацијата имаше симулација на повредени од страна на волонтерите, како и укажување на Прва помош.
Настанот беше успешно реализиран со Противпожарни тимови и возила,Брза помош како и медиуми кои го проследија и презентираа настанот пред пошироката јавност.
< врати се назад