ноември 27, 2014

Евакуација на училишта во случај на пожар

Младите од ООЦК-Чаир во соработка со ДПД.Бајрам Мифтари изминативе три години интезивно реализираат показни вежби во основните училишта се со цел да ја подигнеме свеста за заштита од пожар,навремена евакуација и укажување на прва помош во случај на незгода.Ова е 7-ма вежба по ред, која се реализира во ОУ.Васил Главинов,во соработка со Противпожарната бригада на град Скопје.
Вежбата се спроведе така што се симулираше настанат пожар воучилиштето,евакуација на учениците и персоналот со помош на тимот за прва помош и противпожарниот тим од училиштето (ученици волонтери во овие секци),укажување на прва помош при евентуални повреди,здобиени за време на евакуацијата и гаснење на пожарот.
Ваквиот тип на вежби се од суштинско значење за спасување во случај на пожар и затоа ОО и понатака ќе ги реализира во сите училишта кој потпагаат под нејзина територија.

< врати се назад