декември 13, 2017
Месец на борба против зависности
Во текот на месец ноември младите ПИР едукатори од Клубот на млади реализираа две предавања на тема превенција од болести на зависности со цел подигање на свеста кај младата популација за штетните последици од конзумирањето на алкохол, цигари,дрога и сл.
Предавањата се реализираа на македонски и на албански јазик во ОУ.Панајот Гиновски со кое се опфатија вкупно 54 уценици.
Клубот на млади во текот на целата година спроведува вакви едукации во основните и средните училишта согласно програмата но и по барање на училиштата, кои и во иднина ќе ги реализира се со цел да дејствува на свеста на младите.