декември 19, 2017
Обука за Прва помош
Во рамките на редовните програмски активности Општинската организација Чаир во текот на месец ноември реализира три обуки по Прва помош за наставниците од ОУ.Гоце делчев и ОУ.Панајот Гиновски.
Целта на овие обуки е да се обучат наставниците за правилно укажување на Прва помош бидејќи работат со деца и во средини каде често се случуваат незгоди било тоа да е за време на часовите, екскурзии или сл.
Со обуката се опфатија вкупно 45 наставници.Ваквите обуки и во иднина ќе се реализираат и со останатите училишта кои се на територијата на општинската организација со цел да се подигне свеста но и да се спречат последиците од ненавремена интервенција во случај на незгода.