декември 5, 2016
Одбележан Меѓународниот ден на лицата со хендиќеп
По повод Меѓународниот ден на лицата со хендиќеп младите од СУГС.Шаип Јусуф и волонтерите од Општинската организација Чаир,спроведоа собирна акција преку која обезбедија подароци за 76 штитеници на заводот.
На 2-ри декември бевме во посета на заводот,каде младите имаа можност одблизу да се запознаат со децата да се дружат и лично да им ги подарат подароците.Оваа среба преставуваше продолжување на меѓусебната соработка и подршка на активностите помеѓу Црвениот крст,средните училишта и Заводот за рехабилитација на деца и младинци-Скопје.