декември 22, 2016

Подигање на свеста за важноста од укажување на Прва помош во случај на елементарни непогоди- земјотрес

     

Општинската организација Чаир во соработка со ОУ.Ацо Шопов,Противпожарната бригада-Скопје,Противпожарниот сојуз од општина Бутел, ДПД.Бајрам Шабани и Брзата помош организираа показна вежба за евакуација на училиштето во случај на земјотрес.

Целта на оваа активност е да се подигне свеста кај помладата популација од важноста за навремена и правилна евакуација и укажување на Прва помош во случај на елементарни непогоди.

Ваквите активности во училиштата Општинската организација Чаир во соработка со ДПД.Бајрам Шабани редовно ги реализира со основните и средните училишта и досега има реализирано 12 вежби.

   

< врати се назад