ноември 4, 2015
Показна вежба за евакуација на О.У. „Рајко Жинзифов“ за време на пожар
На 29 октомври, Црвен крст на Република Македонија – општинска организација Чаир, во соработка со општинскиот противпожарен сојуз, односно доброволното противпожарно друштво БАЈРАМ МИФТАРИ, реализираа показно-тактичка вежба во О.У. „Рајко Жинзифов“. Целта на оваа вежба беше да се симулира пожар во училиштето и целиот персонал и учениците да бидат евакуирани. Оваа вежба успешно беше реализирана и траеше околу 2 часа. Во истата беа вклучени и евакуирани над 500 лица, а 50 лица беа вклучени во реализација на евакуацијата.