Превенција од болести на зависности
Превенција од болести на зависности
Во рамките на своите редовни аткивности, согласно Традиционалниот календар, ги одбележуваме деновите, неделите и месецот на промоција и превенција од болестите на зависности.
Изминатиот, месец го одбележавме месецот на Превенција на болести на зависности,во СУГС „Шаип Јусуф“ и ОУ „Браќа Рамиз-Хамид“ во општината Шуто Оризари и СУГС.Зеф Љуш Марку во општина Бутел
На 28,29 и 30.11.2016 година, се оддржа интеркативни презентации со учениците од трите училишта, а на крај се прикажа краток филм на тема зависност од кој филм се извлече поука дека треба да им кажеме НЕ на дрогите, цигарите и алкохолот кои предизвикуваат зависност и трајни последици врз физичкото и психичкото здравје на лицата кои ги конзумираат.
Во СУГС „Шаип Јусуф“ беа вклучени 31 ученик, во ОУ „Браќа Рамиз-Хамид“ беа вклучени 104 ученици,додека во СУГС.Зеф Љуш Марку беа вклучени 87 ученици.