Вежба за евакуација на О.У.Панајот Гиновски
Во рамките на програмата на младите во ОУ.Панајот Гиновски на 11.04.2017 год. се реализира вежба за евакуација на училиштето во случл на елементарна непогода.
Пред реализацијата на вежбата во соработка со ДПД.Бајрам Мифтари и Противпожарниот сојуз од општина Бутел се направи план за евакуација и се одржаа две предавања и демонстрации кои беа неопходи за реализација на вежбата.
За време на вежбата покрај евакуацијата на училиштето беше демонстрирано укажување на Прва помош од страна на волонтерите.
Со вежбата се опфатија околку 300 ученици од пето до девето одделение и 25 волонтери од Општинскат организација.
Целта на овие вежби е да се подигне свеста на институците за праилна евакуација во случај на елементарна непогода и правилно укажување на Прва помош во случај на незгода.