јуни 15, 2017

Вежба за евакуација во случај на пожар

Вежба за евакуација во случај на пожар во ОУ.Ацо Шопов

 

По втор пат оваа година Клубот на млади од Општинската организација Чаир во соработка со ДПД.Бајрам Мифтари и Брза помош во ОУ.Ацо Шопов организираа вежба за евакуација во случај на пожар.

Целта на ваквите вежби е да се подигне свеста кај учениците за правилна евакуација во случај на незгода и правилно укажување на Прва помош во случај на повреда при евакуацијата.

Со вежбата се опфатија 500 ученици и 40 наставници од училиштето,како и техничкиот персонал од училиштето.

< врати се назад