октомври 9, 2026

25 години СОС Детско село!

Ни претставуваше особена чест да присуствуваме на одбележувањето на 25-годишниот јубилеј на СОС Детско село, организација која со својата посветеност, хуманост и грижа остава значаен белег во животите на многу деца и семејства.

По тој повод, претседателот на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Чаир, д-р Бурак Шабани, имаше чест да ја прими статуетката за успешна соработка и партнерство, како признание за досегашната заедничка работа и посветеност кон хуманите вредности. 🤝

На СОС Детско село им посакуваме уште многу успешни години, исполнети со љубов, поддршка и нови можности за подобра иднина на секое дете.

Нека ви е честит јубилејот!

< врати се назад