октомври 8, 2026

И јас (можам да) сум волонтер – Недела на млади

Традиционално, од 1 до 7 октомври, во Црвениот крст на Република Северна Македонија ја одбележуваме Неделата на млади, а оваа година под мотото „И јас (можам да) сум волонтер“.

По тој повод, младите од ЦКРСМ – Општинска организација Чаир, на 06.10.2026, организираа Младински форум посветен на волонтерството, младинскиот активизам и улогата на младите во иднината на Црвениот крст.

Во рамките на форумот се разговараше на три интересни и инспиративни теми:

💬 Мојата волонтерска приказна
💬 Младите и волонтерството
💬 Црвен крст во иднина

Дополнително, беа поставени и 5 информативни катчиња посветени на дел од областите во кои младите волонтери се особено активни:

🌍 Дисеминација
🩸 Крводарителство
⛑️ Прва помош
🚨 Подготвеност и дејствување при катастрофи
🌱 Зелен волонтеризам

Младите волонтери кои го посетија настанот имаа можност подобро да се запознаат со различните активности, да разменат идеи и искуства и да дознаат како секој од нив може да се вклучи, да придонесе и да биде дел од позитивните промени во својата заедница.

Затоа што волонтерството не е само да помогнеш. Тоа е да се вклучиш, да научиш, да создаваш и да инспирираш.

< врати се назад