
Од Мустафа Паша Џамија – порака на хуманост и солидарност!
На 16.10.2026 година, за првпат во просториите на Мустафа Паша Џамија во Скопје, беше реализирана крводарителска акција која уште еднаш покажа дека хуманоста, солидарноста и желбата да се помогне не познаваат граници. Акцијата ја посетија 29 крводарители, од кои 27 успешно даруваа крв, давајќи го својот придонес во спасувањето човечки животи. ![]()
Оваа хуманитарна активност беше успешно реализирана во соработка со Муфтиството на Скопје и Одборот на Мустафа Паша Џамија, на кои им упатуваме искрена благодарност за поддршката, посветеноста и заедничкиот придонес во реализацијата на оваа значајна иницијатива. Исто така ги истакнуваме и вработените од Институтот за трансфузиона медицина, чиј професионализам, стручност и посветеност се неизоставен дел од успешната реализација на секоја крводарителска акција. ![]()
Благодарност до сите крводарители кои со својата хуманост испратија силна порака дека едно дарување може да значи нова шанса за живот!
Се надеваме дека оваа прва заедничка акција ќе прерасне во традиционална активност, преку која заедно ќе продолжиме да ја шириме хуманоста и свеста за значењето на крводарителството.




































