октомври 19, 2026

Солидарноста нè обединува, хуманоста нè поврзува!

Во петокот, Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Чаир подигна донација од Движењето ЗНАМ – Бутел, наменета за поддршка на семејствата кои се наоѓаат во социјален ризик на територијата на општините Чаир, Бутел, Чучер-Сандево и Шуто Оризари.

Ваквите донации имаат огромно значење, бидејќи претставуваат многу повеќе од материјална помош – тие се израз на грижа, поддршка и надеж за семејствата кои се соочуваат со секојдневни предизвици. Со секој хуман гест испраќаме порака дека никој не треба да се чувствува заборавен и дека заедно можеме да направиме вистинска промена во животите на оние на кои им е најпотребна помош.

Изразуваме искрена благодарност до претседателот на ОО ЗНАМ – Бутел, Игор Трајановски, како и до сите хумани граѓани кои со својата солидарност и несебичност ја поддржаа и ја реализираа оваа собирна акција.

< врати се назад