септември 29, 2026

30 години ПХВ на локално ниво

„Биди промената што сакаш да ја видиш во светот.“ – Махатма Ганди

Во периодот од 21 до 27 септември традиционално ја одбележуваме ЦКА – ПХВ неделата, oваа година под мотото „30 години ПХВ на локално ниво“.

🎊 Во рамките на одбележувањето на ЦКА-ПХВ неделата, во свечената сала на Општина Чаир на 28.09.2026 беше организиран настан на кој беа поканети сите кои беа опфатени со ЦКА-ПХВ циклусот оваа година.

Овој ЦКА-ПХВ циклус е посебен, не само поради 30-годишниот јубилеј, туку и поради тоа што беа изработени 8 проекти, вкупно беа опфатени 905 лица, беа собрани 149.650 денари кои беа од заедницата – за заедницата, беа реализирани 2216 волонтерски часови и беа регрутирани 49 нови волонтери. ♥️

Им го честитаме успехот на дисеминаторките Михаела Стојановска и Емира Асани, на менторите и на младинците кои несебично го дадоа своето слободно време и изработија проекти што ќе остават трајни промени во заедницата и во животот на многу поединци. 👏🏼

< врати се назад