
Недела на борба против шеќерна болест (дијабетес)
Традиционално, од 10 до 16 октомври ја одбележуваме Неделата на борба против шеќерна болест, оваа година под мотото „Здрави животни навики во превенција на дијабетес“. ![]()
По тој повод, Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Чаир реализираше едукативно предавање за наставниот кадар во ООУ „Петар Здравковски – Пенко“, на кое беа опфатени 26 наставници. Дополнително, беше организирана акција за мерење на шеќер во крвта и крвниот притисок во Клубот на пензионери во Општина Бутел, во која учествуваа 25 лица од третото доба.




Дијабетесот е хронично заболување кое се јавува кога нивото на шеќер во крвта е покачено. Најчести симптоми се зголемена жед, често мокрење, замор и заматен вид. Со здрави животни навики, правилна исхрана, физичка активност и соодветна терапија, може успешно да се контролира.
Целта на оваа недела е подигање на јавната свест за важноста од превенцијата, редовните здравствени контроли и навременото дијагностицирање на дијабетесот.































